24фудбал

Маестрална акција и ладнокрвен финиш на Меси за Сетиен да тргне со победа (ВИДЕО)

Ерата на Кике Сетиен на кормилото на Барселона започна со победа, „каталонците“ вечерва со 1-0 триумфираа над Гранада, Лео Меси беше стрелец на единствениот погодок.

Шпанија

Во последниот натпревар од 20. коло во Ла Лига, Барселона со минимални 1-0 стигна до три бода во пресметката со Гранада. Ерата на Кике Сетиен на кормилото на „каталонците“ започна со триумф благодарејќи на една маестрална акција и ладнокрвен финиш на Лео Меси.

Барса долго се мачеше да го скрши отпорот на гостите, требаше Гранада да остане со играч помалку за мрежата да биде затресена.

Голот падна во 76. минута, се започна од една украдена топка на Рики Пуиг за Меси да проигра со Гризман, Францизинот елегантно да додаде до Видал а Чиланецот со пета да остави за Меси, кој со десна нога по земја биеше працизно крај стативата, голманот на Гранада не мрдна.