24фудбал

Навивачите на Лече истакнаа транспарент за Конте: Ти си човек без... (ФОТО)

Искусниот италијански фудбалски стратег доби не баш убава порака од фановите на Лече, а освен тоа, доби и разочарувачки резултат на тоа гостување со што сега неговиот состав е на минус четири во однос на Јувентус.

Италија

Лече му откина два бода на фаворитот Интер во пресметката пред своја публика во рамките на 20 коло од италијанската „Серија А“, а со тоа „Нероаѕурите“ сега заостануваат четири бода зад лидерот Јувентус.

Сепак, не беше само резултатот од мечот кој остана во сеќавањата кај фановите, туку и еден потег на домашните фанови, кои се уште им се свежи сеќавањата на периодот минат на Антонио Конте во Бари.

Во текот на мечот, навивачите на Лече истакнаа транспарент на трибинскиот простор, а воопшто не бираа зборови да го искажат своето ривалство со тренерот на Интер.

Конте, човек без идентитет. Ти си сра*е на нашиот град“ пишуваше на транспарентот.