24фудбал

Раул Браво: Јас го нарачав убиството на Ковачевиќ? Нетфликс не може да направи филм каков што Србите направија!

Раул Браво се огласи по сториите дека тој го нарачал убиството на Дарко Ковачевиќ, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид вели дека нема вистина во ова и додава дека Нетфликс не може да направи филм каков што направиле медиумите од Србија.

Останато

Дарко Ковачевиќ на 8. јануари беше нападнат пред својот дом во Атина, беше пукано кон Србинот, но за среќа не беше погоден. Низ медиумите кружат голем број на стории, а една велеше дека нарачател на убиството бил Раул Браво.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид неодамна беше приведен и обвинет дека наместил неколку натпревари во Шпанија, и медиумите од Србија шпекулираа дека Дарко Ковачевиќ знаел детали за нелегалните активности на Раул Браво, со кого играше деве години во Олимпијакос, почнал да ги открива пред своите пријатели, па обидот за убиство била порака дека треба да замолчи.

Ваквите стории се проширија низ цела Европа, стигнаа и до Раул Браво, кој во разговор со Радио Марка порача дека нема вистина во ова.

„Мене лично не ми пречат ваквите гласини, но моето семејство чита што се пишува и ги боли. Дарко ми се јави за да ме праша како сум и да мe увери дека лудост се сториите кои се пишуваат. Бевме цимери и навистина сме блиски. Нетфликс не може да направи филм каков што српските медиуми направија“ - вели Раул Браво.

„Веста е објавена од жолт печат во Србија, не е важно дали сторијата е вистинита, важно е да се продава. Бев шокиран кога прочитав дека јас сум го нарачал убиството на Ковачевиќ“.

„Знам дека и Ковачевиќ се смеел кога ги видел написите, можам да му замерам само што му требаа два дена да ми се јави. Но и нему не му е лесно, дома кај него сите се исплашени. Не знае зошто му се случи ова. Има заработени многу пари играјќи фудбал, можеби е поради тоа. Му кажав дека треба да остане смирен“.