Категорија: Италија 20.01.2020 10:21
Марио Балотели е доста проблематичен, тоа не е нешто непознато за фудбалската јавност, а контроверзниот напаѓач мина само седум минути на теренот во дресот на Бреша во ремито на домашен терен против Каљари.
По мечот, тој се одзва на социјалните мрежи каде наведе дека луѓето мошне лесно го менуваат своето мислење, откако најголемата причина за црвениот картон е навреда кон главниот арбитар по остриот прекршок во таа ситуација.
„Неверојатно е како една епизода секогаш може да промени мислење на одредени луѓе од негативно или позитивно, тоа е толку драстично“ напиша Балотели.
„Ќе продолжам со мојата работа, тоа не е никаков проблем, а вие можете да продолжите да ме осудувате колку што посакувате“ додаде контроверзниот напаѓач.
⏱ 73': Balotelli comes on as sub
pic.twitter.com/kCtlzWUWvD