24фудбал

Јаховиќ не е среќен во Малатија, Македонецот имал средба со претседателот на Газијантеп?

Извесно е дека македонскиот напаѓач ќе си замине од Малатијаспор, не се исклучува можноста тоа да се случи уште овој преоден рок, а во Турција одредени медиуми наведуваат дека Јаховиќ не е среќен во тимот на Малатијаспор.

Македонија

32 годишниот македонски интернационалец Адис Јаховиќ би можел да го промени својот клуб, известува „Ајанспор“, додавајќи дека напаѓачот наводно не е среќен во Јени Малатијаспор.

Се верува дека Македонецот може да се пресели во редовите на Газијантеп, меѓутоа останува отворнео прашањето дали „операцијата“ би можела да се реализира уште во овој преоден рок, со оглед на тоа што Јаховиќ има важечки договор со Малатија до 2021. година, како и дополнителни 12 месеци како опција во истиот договор.

Горе наведениот медиум пренесе дека претседателот на Газијантеп, Мехмет Бујукекши веќе имал средба со нашиот фудбалер кој јасно посочил дека не е среќен во тимот на Малатијаспор и стака да си замине, сепак останува на обата клуба да се договорат околу обештетувањето.

Јаховиќ во турскиот фудбалски шампионат е уште од 2016. година, почна со Гезтепе, па следеше трансфер во Коњаспор, по што ланското лето потпиша за Малатијаспор.

Искусниот напаѓач и сезонава бележи одлични изданија во Турција, каде во моментов е на делба на третото место на листата на стрелците заедно со Муриќи од Фенербахче, односно Станку од Генчербирлиги со по 11 постигнати погодоци.

По одиграни 18 кола во „Суперлигата“ на Турција, Јени Малатијаспор е на деветтото место на табелата, а на делба на таа позиција е токму со Газијантеп.