24фудбал

Ибрахимовиќ запиша рекорд во „Серија А“

Ниту еден фудбалер во ерата на трите бода за победа не постигнал таков учинок досега како овој на искусниот шведски напаѓач во шампионатот на Италија.

Италија

Златан Ибрахимовиќ му помогна на Милан во победата над Удинезе на домашен терен, а со тоа Швеѓанецот испиша рекорд во шампионатот на Италија.

Со победата на „Росонерите“, Ибрахимовиќ со своите 222 настапи во „Серија А“, дојде најбрзо до 150 победи во најсилниот фудбалски шампионат на Италија во ерата на форматот од три бода за една победа почната од 1994/95.

38 годишниот Ибрахимовиќ го запиша својот трет настап во дресот на Милан по враќањето во тој клуб сезонава, откако тимот од Милано до победата дојде по двата гола од Анте Ребиќ, односно едниот на Тео Ернандез, што воедно значеше и трета победа во низа за тој состав во сите конкуренции.

Шведскиот напаѓач претходно освен што настапуваше за Милан, го носеше и дресот на Јувентус и Интер, освои седум „Скудета“, а две од истите беа инволвирани во скандалот кој ја потресе Италија, „Калчополи“. Популарниот Ибра запиша 150 победи во само осум помалку меча во однос на Естебјан Камбијасо, неговиот поранешен соиграч од Интер, односно десет помалку во однос на фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње.