24фудбал

Кавани побара да си замине од ПСЖ, соопшти Леонардо

32 годишниот напаѓач јасно посочил дека сака да си замине од ПСЖ, тоа го открива и спортскиот директор на клубот во изјавата во која вели дека тимот од француската престолнина целосно ќе ги ислуша барањата на фудбалерот кон кого има голема почит.

Франција

Единсон Кавани побарал од ПСЖ да си замине од тој клуб уште во јануарскиот преоден рок, а тоа го откри и самиот спортски директор на францускиот првак, Леонардо, кој додаде дека клубот веќе одбил понуда од Атлетико Мадрид.

Уругвајскиот напаѓач подолг период се поврзува со трансфер во Атлетико Мадрид, неговиот договор со ПСЖ истекува на лето, а тој може да преговара со заинтересираните клубови уште овој месец.

Ние секогаш го велиме истото во однос на Кавани, се надевавме дека ќе остане во клубот, денес, тој побара да си замине, ја простудираме ситуацијата“ рече Леонардо по триумфот на ПСЖ во Купот против Лориен.

Имавме понуда од Атлетико Мадрид, меѓутоа истата не соодвествуваше со вистинската вредност на фудбалерот, меѓутоа, не сум сигурен дека Кавани ќе биде со нас идниот месец“ додаде Бразилецот.

Во овие моменти не би можел ништо подетално да кажам во однос на тоа дека Кавани ќе си замине, меѓутоа тој веќе се произнесе со своето барање до клубот, а ние немавме намера да го продадеме, сепак, ќе ја анализираме ситуацијата, ќе ги ислушаме барањата на Кавани бидејќи како клуб имаме голема почит кон него“ заклучи Леонардо.

Кавани е во редовите на ПСЖ од 2013. година па наваму, досега на 195 настапи за тој клуб успеа да запише 136 погодоци.