24фудбал

По критиките на Мурињо, Конте возврати: Повеќе не зборувам за тоа

Мурињо се налути и јавно го искритикува тренерот на Интер, од друга страна овој веднаш возврати но со поблаг тон, наведе дека повеќе нема да зборува за трансфер пазарот, а ја посочи и причината за тоа.

Италија

Шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте одговори на коментарите на тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо, кој јавно упати критики на адреса на Италијанецот за кого посочи дека претерал со јавните коментари по обидите да дојде до потписот на Кристиан Ериксен.

Ериксен, чиј договор со Тотнем истекува на лето, на големо се поврзува со можен трансфер во Интер уште овој преоден рок, а се верува дека обете страни се близу до реализација на договор за трансфер на Данецот.

Повеќе не зборувам за трансфер пазарот, последниот пат кога го сторив тоа, некој, кого сите го познаваме кој е, ги преврте моите зборови, со тоа, повеќе не зборувам на оваа тема“ рече Конте по ремито на Интер кај Лече.

Никогаш не реков ништо необично околу јануарскиот трансфер период, нешто што би донело компликации за другите тренери, секогаш кога ќе зборувам нешто на таа тема, моите зборови се испревртени“ додаде Италијанецот.