24фудбал

Ловрен по фотографијата која ја доби од Салах на социјалните мрежи: Што сакаше да каже со ова? (ФОТО)

Интересна конверзација помеѓу големите пријатели во Ливерпул на апликацијата „ВатсАп“, која ја објави Хрватот, а не остана покус да се пошегува на сметка на својот соиграч од редовите на европскиот првак.

Англија

Дејан Ловрен и Мохамед Салах се во одлични пријателски односи, тоа е познато за пошироката фудбалска јавност, а хрватскиот дефанзивец објави и фотографија од нивната конверзација на социјалните мрежи по победата на Ливерпул над Манчестер јунајтед со 2-0, во која токму Египјанецот ги реши сите дилеми во самиот финиш.

Доста еуфорична беше прославата од страна на Салах кој погоди откако прими една одлична асистенција од страна на Алисон кој го префрли целиот терен, за „Редсите“ трите бода имаат големо значење, а титулата сезонава во Премиерлигата е сепоблиску за нив.

Од тоа што Ловрен го објави, гледаме како дефанзивецот му честита на својот соиграч на хрватски. со зборовите „Браво брате“, а Салах му возвраќа со тоа што му испраќа и фотографија од неговата прослава, додавајќи со зборовите „Ти благодарам“.

Збунет од фотографијата, Ловрен се пошегува на негова сметка: Што сакаше да кажеш со ова?“, на што Салах му одговара: Не, ништо, го испратив ова по грешка“, по што следеше и насмевка кај Ловрен, а во објавата тој додаде:

Што сакаше тој да каже, дека е силен? Телото? Мускулите? Голот? Не е важно, тоа било само “грешка“. Одлична работа момци денеска“ напиша Хрватот во својата објава на „Инстаграм“.

View this post on Instagram

A post shared by Dejan Lovren (@dejanlovren06) on