24фудбал

Ериксен во четврток станува играч на Интер?

Италијанските медиуми пишуваат дека во наредните 48 часа ќе биде договорен трансферот на Кристијан Ериксен.

Италија

Ериксен долго време се поврзува со Интер, но трансферот никако да се случи. Двата клуба водат долги преговори околу висината на оштетата.

Тотнем бара 20 милиони евра, Интер сака да плати помалку од тоа.

Последната понуда на Интер е 15 милиони евра плус три милиони евра во бонуси кои зависат од перформансите на Ериксен.

Според „Калчомеркато“, двете страни се блиску до договор и се очекува Ериксен во четврток да пристигне во Милано на медицински тестови.

Фудбалерот веќе се договорил со Интер за личните услови, тој ќе заработува по 10 милиони евра од сезона.

„Ериксен е фудбалер на Тотнем, но неговиот договор истекува во јуни, па комплетно е легитимно да се среќаваме со неговиот агент во овој период“, вели извршниот директор на Интер, Бепе Марота.