24фудбал

Дали ова е знак дека Бруно Фернандеш се сели во Манчестер јунајтед? (ФОТО)

Манчестер јунајтед прави напори да го донесе Бруно Фернандеш во своите редови овој месец, „ѓаволите“ се во преговори со Спортинг и се обидуваат да пронајдат формула која ќе одговара на двата клуба.

Англија

Минатата недела голем број на медиуми го најавија Бруно Фернандеш како големо засилување за Оле Гунар Солшер, но никако да пристигне абер за преселбата на Португалецот на Олд Трафорд.

Двата клуба се уште не можат да ја пронајдат идеалната формула за реализација на трансферот, а низ медиумите има најразлични стории за тоа каде запнало. Проблем е сумата која треба да биде платена како и структурата на бонусите.

Вечерва се појавија неколку стории, првата вели дека двата клуба би можеле да направат компромис, односно Манчестер јунајтед да ја зголеми понудата од 50 на 55 милиони евра плус бонуси, и да се најде на средина со Спортинг, клубот од Лисабон бара 60 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Во меѓувреме, португалскиот новинарот Руи Педро Браз вели дека сите ќе бидат шокирани кога ќе дознаат што се случило во преговорите, и додава дека му е жал за Бруно Фернандеш кој не е виновен за ништо. Англискиот новинар Данкан Каслс пак вели дека здеката ја комплицира една клаузула од 5 милиони евра која треба да му биде исплатена на играчот и неговиот агент во случај да пристигне понуда од 50 или повеќе милиони евра.

А будното око на навивачите забалежаа една промена на социјалните мрежи, Бруно Фернандеш повеќе го нема на насловната слика на профилите на Спортинг, и сметаат дека ова е знак за трансфер на Португалецот во Манчестер јунајтед.