24фудбал

Интер: Доставивме понуда до Тотнем за Ериксен, начелно се договоривме со Челси за Моузес

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио откри дека е испратен формален предлог до Тотнем за услугите на Кристијан Ериксен, „нероаѕурите“ исто така начелно се договориле со Челси за трансфер на Виктор Моузес

Италија

Жозе Мурињо пред неколку дена го прозва Интер, Португалецот праша на што се должи оптимизмот за ангажман на Кристијан Ериксен кога „нероаѕурите“ се уште немаат доставено понуда.

48 часа подоцна, од Џузепе Меаца открија дека е испратен формален предлог, ова го потврди спортскиот директор Пјеро Аусилио.

„Доставивме формална понуда за Ериксен и сега го чекаме одговорот на Тотнем. Многу клубови се заинтересирани за него, се работи за топ играч и нормално е тоа што е желба на неколку гиганти ширум Европа. Ќе биде тешко, но ќе сториме се што можеме“ – вели Аусилио без да открива детали. Според пишувањата на медиумите, Интер нуди 13 милиони евра плус бонуси.

И додека се чека одговорот на Тотнем, Интер со Челси пронајде дил за преселба на Виктор Моузес во Милано.

„Начелно се договоривме со Челси за Виктор Моузес. Жиру е опција во случај да продадеме некој напаѓач“.

Виктор Моузес треба да пристигне на позајмица до крајот на сезоната со опција во целост да биде купен за 10 милиони евра. Но клучно за зделката е Нигиериецот да ги помине лекарските прегледи, има многу прашалници за неговиот фитнес по две сериозни повреди во последните шест месеци.