24фудбал

Атлетико Мадрид во Челси доби сериозен ривал за Кавани

Статистиката од досегашните натпревари во Премиерлигата за оваа сезона, говори дека Челси го има четвртиот најдобар напад во однос на постигнати погодоци (39), „Телеграф“ тврди дека тимот од Лондон влегол сериозно во трката за Кавани, кој на лето е слободен играч.

Англија

Челси влезе во трката за потписот на искусниот напаѓач од редовите на ПСЖ, Единсон Кавани, откако од францускиот првак јасно посочија дека Уругваецот побарал да си замине, откако неговиот договор со клубот истекува на лето, а не постојат речиси никакви шанси за продолжување на соработката.

Се шпекулира дека Тотнем и Манчестер јунајтед се исто така заинтересирани, меѓутоа од тоа што засега е познато најсериозен претендент за потписот на Кавани е Атлетико Мадрид, чија понуда веќе беше одбиена од ПСЖ.

Од ПСЖ пак се надеваат дека ќе го задржат 32 годишниот Кавани до крајот на неговиот договор, поточно до лето, меѓутоа по барањето на Уругваецот да си замине, како и изјавата на спортскиот директор на клубот, Леонардо, дека во ПСЖ имаат голема почит кон него, како и тоа дека максимално ќе се обидат да ја испочитуваат неговата желба, јасно е дека Кавани би можел да направи трансфер уште овој месец.

Атлетико Мадрид е во пол позиција да го ангажира Кавани овој месец, а не е исклучена можноста трансферот да се реализира и на лето, меѓутоа сериозни намери постојат и од Челси.

Иако договор за Кавани би бил на некој начин скапа опција, од Челси се надеваат дека тоа би го реализирале со дел од средствата од продажбата на Оливие Жиру во Интер овој месец, нешто што се најавува дека ќе се оствари овој преоден рок, иако тимот од Лондон има богат буџет за трансфери, се шпекулира истиот изнесува околу 150 милиони фунти.

Френк Лампард не крие дека има големи симпатии кон играта која ја негува Кавани, а „Телеграф“ веќе објави дека од Челси пријавиле интерес да дојде до договор помеѓу обете страни уште овој месец.

Тој е одличен фудбалер, имам играно против него, секогаш ми се допаѓаше неговиот менталитет и желба на теренот, самата негова статистика на постигнати погодоци доволно говори за Кавани. Ќе видиме, ќе покаже ситуацијата што ќе се случи, тој е искусен фудбалер, меѓутоа постојат и други, јас лично немам ништо против ангажирање на искусни фудбалери, понекогаш на помладите им е потребно тоа на теренот, како еден вид помош, токму тоа може да ни помогне“ рече Лампард.

Челси во моментов со 39 бода се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиерлигата по 23 одиграни кола, во својот состав го има незаменливиот Абрахам, како и Батшуаи како поддршка, а како што наведовме Жиру е на излезна врата од клубот подолг период.