24фудбал

Пеп импресиониран од нив: Велат, гледајќи ги другите можете да се подобрите, токму тие се најдобриот пример

По големиот кикс пред своја публика претходното коло, односно изминатиот викенд, „Граѓаните“ сигурно нема да им биде лесно ниту на гостувањето кај едно од најпријатните изненадувања сезонава во Премиерлигата, за што сведочи и изјавата на Гвардиола во пресрет на мечот.

Англија

Шефот на стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во пресрет на вечерашното гостување кај Шефилд Јунајтед, отворено проговори колку тој е импресиониран од изданието на противникот во досегашниот дел од сезоната во Премиерлигата.

Шефилд Јунајтед успеа да избори место во најелитното фудбалско друшто на Островот, па и пошироко, а освен тоа, зад себе, во досегашниот дел од сезоната запиша фантастични резултати, во моментов е на седмата позиција на табелата со 33 бода од 23 натпревари.

Јас сум премногу импресиониран од нив, кога луѓето велат дека можете да се подобрите гледајќи ги другите, токму тие се најдобриот пример“ рече Гвардиола.

Ние настрадавме против нив, сепак, ги обожавам, искрено, начинот на кој играат, начинот на кој се развиваат генерално гледано како екипа...“ додаде тренерот на англискиот првак.

Манчестер Сити во декември славеше над Шефилд Јунајтед пред своја публика со 2-0, но избраниците на Гвардиола добро се испотија за да ги освојат трите посакувани бода од таа пресметка.

Првакот на Англија вечерва гостува кај Шефилд Јунајтед во обид за поправен по големиот кикс пред своја публика претходното коло против Кристал Палас, каде одигра само реми со резултат од 2-2.