24фудбал

Сетиен побарал од Барса нов напаѓач, има ТРИ имиња на врвот на листата со желби

Медиумите од Шпанија пишуваат дека Кике Сетиен побарал од раководството на Барселона да биде ангажиран нов напаѓач овој месец, на врвот на листата со желби се Пјер Емерик Обамејанг, Родриго и Тимо Вернер.

Шпанија

„Каталонците“ не планираа да пазарат во јануари, но повредата на Луис Суарез ги менува работите. Уругваецот ќе биде надвор од терените околу четири месеци и практично за него е завршена сезоната, па Кике Сетиен бара нов напаѓач за да се задржат високите апсирации и триумф во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Новиот тренер на Барселона во понеделникот имал разговор со раководството на клубот и било договорено да се види што може да се направи во преостанатите десет дена од зимскиот преоден рок.

Според пишувањата на Мундо Депортиво, на листата со желби има неколку имиња а при врвот се наоѓаат Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал и Родриго од Валенсија. Спорт пак пренесува дека Тимо Вернер од РБ Лајпциг е опција.

Проблем е што овие играчи чинат многу, а и нивните клубови тешко ќе сакаат да се разделат сред сезона.

Алтернатива е да се донесе напаѓач како Оливиер Жиру, Фернандо Љоренте и Криштоф Пјонтек, кои се на пазарот овој месец, но Барселона нема убави спомени од ваква зделка, минатата година беше ангажиран Кевин Принц Боатенг, кој се покажа како промашување.