24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Два меча за Ливерпул, идеална прилика за опцијата „трипл-капитен“

Во средина на оваа седмица се игра 24 коло од Премиерлигата, доста очекувано кај натпреварувачите во „Фантази Премиерлигата“, со оглед на фактот што Ливерпул има два меча, а постои и една доста интересна опција.

Останато

Добредојдовте во уште една анализа на „24фудбал“ како помошна алатка за сите натпреварувачи во „Фантази Премиерлигата“ од нашата земја.

Традиционално, ќе започнеме со краток осврт за случувањата од претходното коло, нам особено не радува фактот што веќе две кола во низа анализите вродуваат со плод, најпрво по кратката пауза, освоивме 75 бода во коло каде просекот беше 57за последната во коло каде имаше просек од 44 бода, анализата да донесе 54 бода, меѓутоа постојат други позитивни аспекти од анализата.

Прво и основно, радува фактот што нашите очекувања во однос на голманот на Норич, Тим Крул се остварија, а се потврди и катастрофалната форма на Борнмут за која известивме, па освен што освои бодови од клин-шит, односно меч без примен гол, Крул си доби и бонус поен, освојувајќи вкупно 7 бода.

Освен Крул, ја бележиме и успешната најава за враќањето на неговиот соиграч, напаѓачот Тимо Пуки, стрелецот на единствениот гол на пресметката со Борнмут, а неговото одлично издание донесе и три бонус поени како најдобар поединец на теренот, што вкупно за Финецот значеше фантастични 9 бода.

Од останатите ќе го издвоиме и феноменалниот Џек Грилиш од Астон Вила, кој освен што го постигна израмнувачкиот гол кај Брајтон (1-1), доби и три бонус поени како најдобар на мечот, па така освои одлични 10 бода.

Како и да е, грешката беше во капитенот Дени Ингс, кого го селектиравме на ризик за таа улога, тој ја прекина низата од три постигнати погодоци, па иако Саутемптон погоди на два пати во поразот од Вулверхемптон (2-3), не успеа ниту еднаш да погоди, а тука е секако и Џејми Варди, кој промаши пенал во поразот на Лестер кај Барнли (2-1), па така напаѓачот освои 0 бодови.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Може ли Ингс да продолжи со спектакуларната форма?

Стандардно, како најава за селектирањето, најпрво вршиме преглед на ситуацијата во поглед на трансферите од статистички аспект, а барем нам, воопшто не не изненадува фактот кој е на првото место на најкупуван фудбалер за претстојното 24 коло од Премиерлигата.

На првото место е напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, а ние гледаме мошне добра причина, пред сепозитивна зошто да се селектира Бразилецот ова коло, за што ќе наведеме подолу во изборот.

На второто место е напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро кој на одличен начин се врати на терените, а водечката тројка ја комплетира неверојатниот предводник на Астон Вила, вистински „мотор“ на тој состав, Џек Грилиш.

Што се однесува до онаа негативна статистика, Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед е фудбалерот од кого се ослободуваат најмногу натпреварувачи, нема ништо чудно во тоа, ако се земе во предвид дека напаѓачот поради повреда ќе отсуствува два до три месеци.

Најавивме уште претходното коло во анализата дека Џејми Варди од Лестер ќе се соочи со голема недоверба кај натпреварувачите доколку не погоди против Барнли, токму тоа и се случи, па го бележиме напаѓачот на второто место на оваа табела.

Не е изненадување ниту Тами Абрахам, напаѓачот на  Челси кој освен што има тежок распоред со својата екипа, бележи огромен пад во својата форма, токму и затоа не го селектиравме во претходната анализа, а ќе останеме на тоа и во најновата.


Доколку се навратиме на претходната анализа, изборот на Крул овој пат ќе не одведе до голманот на Евертон, Џордан Пикфорд (5.3), кој со својот тим на домашен терен го пречекува Њукасл, кој инаку е доста незгоден противник, што е веќе познато, меѓутоа ние довербата ќе му ја укажеме токму на Пикфорд, гледајќи го распоредот на натпревари, како и можноста за опција на подолг рок на таа позиција.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Би било голем ризик да не селектирате фудбалер на Ливерпул од дефанзивната линија, со оглед на фактот што „Редсите“ имаат два меча во едно коло, што е можност за големи бодови од тој состав. Така, ние ќе започнеме со Трент Александер-Арнолд (7.6) кој сезонава игра фантастично, а гостувањата кај Вулверхемптон во четврток, како и Вест Хем идната среда, можат да донесат големи бодови на контото на бекот кој постојано го гледаме во опасните зони на противничките екипи.

Бекот на Евертон, со слични задачи како Александер-Арнолд, Лукас Дињ (5.8) има исто така можност до дополнителни бодови од пресметката со Њукасл на домашен терен, фактот што „Карамелите“ играат тврд фудбал, доста внимателен, не води кон тоа да очекуваме меч без примен гол за составот на Карло Анчелоти, а од Французинот секако очекуваме и асистенција, зошто да не и погодок.

Бенџамин Чилвел (5.6) од Лестер е доста интересна опција за ова коло. Ќе го заобиколиме неговиот соиграч Переира, откако самиот тренер на „Лисиците“, Брендон Роџерс посочи дека изоставувањето на Чилвел претходното коло беше само одмор за левиот бек, ништо повеќе од тоа, па свежината кај Чилвел може во голема мера да му помогне на Лестер да им се врати на победите ова коло, тоа може да го сторат во дуелот со Вест Хем на домашен терен.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Доаѓаме до средниот ред, таму ќе започнеме со Мохамед Салах (12.4), за кого уште пред неколку кола најавивме дека се враќа во својата препознатлива форма, а го изоставивме неговиот соиграч Мане, со право, очекувањата се остварија.  Египјанецот бележи 23 бода во своите три последни настапи за Ливерпул, а фактот што ова коло ќе има два меча, нашите очекувања од него се големи.

За Ентони Марсијал (7.9) од Манчестер јунајтед, пишувавме многу пати за најголемата причина зошто го селектираме, тоа секако носи и бодови на контото, а фактот што Французинот се води како фудбалер од средниот ред, а во реалноста настапува како централен напаѓач за „Црвените ѓаволи“ нам ни дава голема надеж од него и ова коло. Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува Барнли, а имајте во предвид, дека во отсуство на Рашфорд, Марсијал во моментов е прв изведувач на ударите од белата точка.

Според нас, би било огромна грешка да не би го селектираме неверојатниот Џек Грилиш (6.6) од Астон Вила, „моторот“ на тој состав кој игра во животна форма, а забележа 24 бода во последните три меча од Премиерлигата. За издвојување е тоа што Грилиш на последните три меча на домашен терен запиша еден гол и една асистенција, од оправдани причини го изоставивме за дуелот со Манчестер Сити (1-6), каде очекувавме над него да се игра „фластер“, што воедно и се потврди, па Астон Вила претрпе убедлив пораз на домашен терен. Сега, дуелот против Ватфорд, на домашен терен за  Грилиш е можност за нови бодови на неговото конто.

Со оглед на фактот што две кола во низа по враќањето од суспензијата, Сон (9.9) е речиси невидлив во играта на Тотнем, очекуваме офанзивецот да се врати во својата препознатлива форма  почнувајќи од дуелот со Норич на домашен терен. Добрите познавачи на Премиерлигата, познато им е тоа што Кореецот се враќа постојано по подолга стагнација, а веројатно нема подобра шанса за него ова коло, иако дилемата ни е секако и неговиот соиграч Деле Али.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Триото во нападот го започнуваме со Роберто Фирмино (9.5) од Ливерпул, кој нема некоја премногу голема цена на пазарот, а токму со него го заокружуваме триото фудбалери на европскиот првак за ова коло, кое повторно ќе напоменеме дека има два меча колово, односно две гостувања, најнапред кај Вулверхемптон во четврток, за идната среда и кај Вест Хем.

Напоменавме во некоја од претходните анализи дека Клајверт-Луин (6) игра одлично под кормилото на Карло Анчелоти во Евертон, претходното коло постигна гол во ремито кај Вест Хем (1-1), а освои и дополнителни два бода како втор најдобар играч на теренот, со што заокружи бројка од 8 бода во 23 коло. Дуелот со Њукасл на домашен терен очекуваме да биде доста тврд, со оглед на играта која ја негуваат обете екипи, особено Евертон кој сигурно во Клајверт-Луин ќе гледа прва опасност кон голот на гостите.

Веројатно многумина ќе видат изненадување во следниот избор, меѓутоа такви се нашите очекувања, па изборот ќе го заокружиме со напаѓачот на Кристал Палас, Ченк Тосун (5.7), најмногу поради промените кои ги стори Рој Хоџсон во нападот на таа екипа. Претходно, Аје беше единствениот централен напаѓач на Кристал Палас, па со оглед на неговата ниска цена и голема можност за бодови, често натпреварувачите знаеа да го селектираат токму Аје. Сега имаме нешто поинаква ситуација, Хоџсон се реши да го повлечи Аје нешто поназад, а да игра со Тосун како единствен централен напаѓач, а дуел против екипа како Саутемптон, и тоа на домашен терен, за Турчинот ќе биде убава можност да запише два гола во две кола во серија, по голот кај Манчестер  Сити (2-2).


КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe


За ова коло сериозно ќе ви препорачаме да размислите за искористување на опцијата „трипл-капитен“, во случај да сте ја сочувале досега, Салах, Фирмино, па и Мане би можеле да ви донесат многу бодови доколку се остварат очекувањата од Ливерпул кој е голем фаворит на двата меча ова коло. Не ја исклучувајте можноста и за „фри хит“, доколку веќе сте го употребиле „трипл-капитен“, опција со која би можеле да направите тим по мерка за едно коло, за потоа да ви се вратат претходните фудбалери, односно вклучувајќи дури тројца фудбалери на „Редсите“ во истиот со буџетот на располагање.

 

Предлог-состав: ПИКФОРД (5.3); АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7.6), ДИЊ (5.8), ЧИЛВЕЛ (5.6); САЛАХ (12.4), МАРСИЈАЛ (7.9), ГРИЛИШ (6.6), СОН (9.9); ФИРМИНО (9.5), КЛАЈВЕРТ-ЛУИН (6), ТОСУН (5.7).


Трипл капитен: САЛАХ

Заменик-капитен: Фирмино

 

Редовно, анализите ги финишираме со осврт на случувањата во генералната лига на „Македонија“, како и онаа на „24фудбал“.

Во лигата на „Македонија“, на првото место на табелата е Давид Трајчевски со досега освоени 1398 бода, имате можност да го проследите неговиот избор од претходното коло.


Што се однесува пак до лигата на „24фудбал“, таму на првото место е Влатко Иванов со досега освоени 1382 бода, имате можност да го проследите и неговиот избор.



Среќно до сите натпреварувачи и ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe