24фудбал

Флик побарал повеќе опции во одбраната, Баерн повторно договори засилување на позајмица од Реал

Баерн Минхен се засилува од Реал Мадрид, шампионот на Германија договори позајмица на десниот бек Алваро Одриозола за да му даде повеќе опции на тренерот Ханси Флик во одбраната.

Германија

„Баварците“ имаат големи во последната линија, повредени се Лукас Ернандез, Никлас Зиле и Хави Мартинез, па тренерот Ханси Флик треба да покрива со играчи како Давид Алаба, кој наместо како лев бек игра во средината на одбраната.

Шампионот на Германија сака повеќе опции во продолжението од сезоната па реши да се засили со младиот Алваро Одриозола од Реал. Шпанецот во 2018 се пресели во Мадрид за 30+5 милиони евра по одличните настапи во Реал Сосиедад, но не успеа да се неметне на Бернабеу.

Десниот бек утрово не тренираше, АС и Марка велат дека се поздравил со соиграчите и стручниот штаб, а Билд додава дека Алваро Одриозола веќе е на пат за Минхен.

Зинедин Зидан на прес конференцијата не сакаше ниту да негира, ниту да потврди и само кратко рече: „Има опција да замине но ништо не е официјално“.

Алваро Одриозола во Баерн треба да пристигне на позајмица, но нејасно е дали само до крајот на сезоната или на подолго период. Тој треба да му овозможи повеќе алтернативи на тренерот Ханси Флик при одбирање на составот. Со Шпанецот во стартниот тим, Павар би можел да игра како централен дефанзивец а Џошуа Кимих во средниот ред.