24фудбал

Милан не се откажува за Олмо

Соиграчот на нашиот Аријан Адеми, кој воедно е капитен на хрватскиот првак, Дани Олмо може да ја наполни касата до врв на Динамо Загреб, интересот за Шпанецот од ден на ден се зголемува, а во Милан имаат добра „конекција“ во преговорите.

Италија

Од Милан наводно не се откажуваат од трката за потписот на ѕвездата на Динамо Загреб, Дани Олмо, а воедно преговорите со хрватскиот првак и натаму се во тек за да се доведе младиот Шпанец во Милано на лето.

Џанлука Ди Марцио известува дека „Росонерите“, доколку се сериозно заинтересирани за Олмо, ќе мораат да ја зголемат понудата до Динамо Загреб повеќе од 20 милиони евра.

Ди Марцио инсистира на тоа дека контактите на директорот на Милан, Звонимир Бобан со Динамо Загреб се во тек, а релациите помеѓу обете страни можат во голема мера да помогнат да се реализира посакуваниот трансфер на „Росонерите“.

Меѓутоа, во трката за Олмо се приклучи и Вулверхемптон, барем според известувањата на „Скај Спорт Италија“, а наводно Премиерлигашот нуди околу 30 милиони евра, дополнително и бонуси за 21 годишниот фудбалер.

Претходно, во трката беше уште и Лајпциг, меѓутоа скромната понуда од 16 милиони евра без никакво размислување беше одбиена од страна на Динамо Загреб.