24фудбал

Баерн нема да го откупи Кутињо, „баварците“ со преку 200 милиони ќе тргнат по двајца други фудбалери

Според пишувањата на Билд, Баерн Минхен нема да ја искористи опцијата во целост да го откупи договорот на Филипе Кутињо, „баварците“ наместо Бразилецот ќе тргнат по Лерој Сане од Манестер Сити и Каи Хаверц од Беар Леверкузен.

Германија

Шампионот на Германија во последните денови од летниот преоден рок донесоа големо засилување и го позајмија Филипе Кутињо од Барселона. Баерн Минхен има опција во целост да го купи Бразилецот за 120 милиони евра, и до средината на мај треба да ги известат „каталонците“ за своите намери.

Но според пишувањата на Билд, Баерн нема да го откупи Филипе Кутињо, раководството смета дека плејмејкерот не прикажал доволно за на него да бидат потрошени 120 милиони евра.

Гигантот од Алианц Арена своите сили ќе ги насочат кон двајца други фудбалери, односно Лерој Сане од Манчестер Сити и Каи Хаверц од Баер Леверкузен за кого на располагање ќе имаат преку 200 милиони евра.