24фудбал

Солшер го нападна Рајола за пропаднатиот трансфер на Халанд на Олд Трафорд: Не може агентот да ја има контролата!

Оле Гунар Солшер го впери прстот кон Мино Рајола за пропаднатиот трансфер на Ерлинг Халанд, тренерот на Манчестер јунајтед вели дека клубот е тој што треба да ја има контролата а не агентите.

Англија

„Ѓаволите“ се обидоа да потпишат со перспективниот Норвежанец, Оле Гунар Солшер лично го убедуваше својот сонародник да се пресели на Олд Трафорд, но напаѓачот на крајот реши да ја одбере Борусија Дортмунд.

Ерлинг Халанд беше купен за само 20 милиони евра, смешна сума за денешни услови, но имаше и уште неколку десетици милиони евра во скриени трошоци и отстапки во корист на агентот и таткото на играчот.

Веднаш по комплетирањето на трансферот, медиумите од Англија прстот го вперија во Мино Рајола, и обвинија дека Манчестер јунајтед се повлекол од зделката откако контроверзниот агент побарал откупна клаузула и процент од следната продажба.

Клубот од Олд Трафорд никогаш официјално не го потврди ова, но Оле Гунар Солшер сега меѓу редови призна дека Мино Рајола е виновникот што тие не успеале да го купат Ерлинг Халанд.

„Многу е важно да надвладее здравиот разум. Кога купувате играчи, има и некои други аспекти, многу е важно клубот да ја има контролата. Не може агентите да ја имаат контролата со тоа што ќе им дадете откупна клаузула и некои други работи. Според мене, клубот мора да ја има контролата“ – порача Солшер.

Халанд изминатиов викенд дебитираше во дресот на „милионерите“ и за 23 минути постигна хет-трик, демонстрирајќи дека се работи за голем талент пред кого е блескава иднина.