24фудбал

Директорот на Анталијаспор потврди: Да, постојат преговори со Јаховиќ, конечната одлука ќе падне денес

Од Анталијаспор најавуваат дека токму денес може да се случи нашиот искусен напаѓач да се пресели во редовите на таа екипа, преговори постојат, а од таму веројатно во Јаховиќ гледаат фудбалер кој може во голема мера да помогне во изборување на опстанок во елитното фудбалско друштво на Турција.

Македонија

Турските медиуми најавија дека е можен трансфер на нашиот напаѓач Адис Јаховиќ од Малатијаспор да се пресели во редовите на Аланијаспор уште овој преоден рок, поточно месецов.

Дека нешто се подготвува, доволно говори и следнава изјава на техничкиот директор на Анталијаспор, Тамер Туна, дадена во текот на вчерашниот ден за „Фанатик“.

Имам работено со Јаховиќ во тимот на Гезтепе, секако дека го посакуваме во нашиот состав, не знам до кое ниво се во моментов преговорите, меѓутоа преговори постојат, мислам дека позитивен или негативен исход ќе има или денеска или во текот на утрешниот ден“ рече тој во изјавата што ја даде за јавноста во текот на вчерашниот ден.

Останува да видиме дали денеска ќе падне конечната одлука во преговорите помеѓу обете страни, а вреди да се напомене дека Малатијаспор има добра позиција во преговорите, од причина што Јаховиќ со тој клуб има активен договор со важност до 2021. година, па дури и опција во истиот на дополнителни 12 месеци.

32 годишниот Македонец со 11 погодоци од 18 кола во турската „Суперлига“ е на делба на третото место на листата на стрелците, заедно со Муриќи од Фенербахче, односно Станку од Генчербирлиги.

Што се однесува пак до Анталијаспор, оваа екипа се наоѓа во опасната зона за испаѓање во најсилниот турски фудбалски шампионат, па нема дилеми дека во Јаховиќ гледаат „спасител“ на ситуацијата.