24фудбал

Давид Бабунски се враќа во Европа

Македонскиот фудбалер Давид Бабунски заминува од Јапонија, ќе се пресели во полскиот шампион во тимот Пјаст Гливице.

Македонија

Давид Бабунски кој ја помина школата на Барселона и играше за Б тимот на каталонскиот гигант, настапуваше и за Црвена звезда пред да замина во Јапонија.

На далечниот исток прво играше за Јокохама Маринос, а потоа и во Омија Ардиџа, откако му заврши договорот со овој клуб реши да се врати во Европа.

Полскиот „Призеглад Спортови“, информира дека Давид Бабунски ќе потпише за Пјаст.

Пјаст високо котира во најдобрата полска лига, по 20 одиграни кола тие се на шестото место со само седум бода зад лидерот Легија.

Бабунски беше дел од златната младинска генерација на Македонија која го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал играјќи на Европско првенство. Но кариерата на Давид не се развиваше според очекувањата.