24фудбал

Ливерпул конечно прими гол по 725 минути, но Фирмино во финишот се погрижи за ново славје (ВИДЕО)

Ливерпул со три бода си замина од незгодното гостување на „Молињу“, Роберто Фирмино погоди на шест минути до крајот за триумф од 1-2 над Вулверхемптон.

Англија

Во последниот меч од 24. коло во Премиерлигата, Ливерпул славеше на гостувањето кај Вулверхемптон и остана на +16 на врвот на табелата. Избраниците на Јирген Клоп по 725 минути или 50 дена, конечно примија гол во Премиерлигата, но Роберто Фирмино во финишот се погрижи за ново славје.

„Црвените“ поведоа во 8. минута, Хендерсон скокна највисоко по еден корнер и донесе 0-1. Домаќините се вратија во игра на стартот од вториот дел, Хименез и Траоре одработија одлична акција која Мексиканецот ја заврши за 1-1.

„Волците“ во продолжението од мечот беа подобар пртоивник, Ливерпул се мачеше, но покажа шампионски менталитет, искористи една неодлучност во одбраната на домаќините и дојде до 1-2 во 84. минута.

Жота имаше прилика да му откине два бода на фаворитот во судиското надополнување, но Португалецот лошо биеше од изгледна позиција од пет метри.