24фудбал

Барселона му ги расипува плановите на Интер за Ериксен, ќе следи ли ново сценарио „Малком“?

Иако повеќе медиуми објавија дека наводно се' е договорено за трансфер на Ериксен во Интер, како и тоа дека медицинските прегледи се закажани во понеделник, Каталонците можат да им ги расипат сите планови на „Нероаѕурите“, од Рома најдобро знаат што значи потегот на Барселона за Ериксен.

Шпанија

Повеќе медиуми објавија дека Интер и Тотнем си подале рака за трансферот на Кристиан Ериксен во редовите на „Нероаѕурите“, се шпекулира дека трансферот Италијанците ќе ги чини 15 милиони евра, како и дополнителни 5 милиони евра во бонуси.

Сепак, дали на повидок е ново сценарио „Малком“, доста добро познато за фудбалската јавност, кога поранешниот фудбалер на Бордо се спакува и тргна кон Рим за трансфер во Рома, за во последен час да ја промени својата одлука откако пристигна понуда од Барселона.

Како што известува „Скај Спортс“, Барселона можеби задоцнето, а можеби и навремено, пријавила интерес да го ангажира Данецот во завршните денови од јануарскиот преоден рок.

Ериксен е во последните месеци од својот договор со Премиерлигашот, поточно, истиот има важност до лето, првиот човек на клубот, Даниел Леви наводно веќе добил известување од фудбалерот дека посакува да стави потпис на договор со Интер, меѓутоа Италијанците сега ќе имаат голема конкуренција во еден „фото-финиш“ за потписот на Данецот.

Дали „договорот“ помеѓу Интер и Тотнем е шпекулација, останува да видиме, а вреди да се издвои и изјавата на спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио за „Скај Спорт Италија“, каде и самиот тој наведува дека постои голем интерес за Ериксен.

Само што испративме официјална понуда до Тотнем за Кристиан Ериксен, сега сме во исчекување. Многу клубови се заинтересирани за него, но, ние веруваме дека можеме да дојдеме до еден играч од таква класа како што е Ериксен. Како таков, тој привлече внимание кај повеќето големи клубови во Европа, неговиот договор истекува во јуни, се обидуваме максимално во овие преговори“ рече Аусилио.

Интер е доста активен во јануарскиот преоден рок, најпрво го ангажираше Ешли Јанг од Манчестер јунајтед, за потоа да следеше и позајмицата за Виктор Моузес од Челси, од истиот клуб пак, постојат контакти и за Оливие Жиру.