24фудбал

Џан и Борусија Дортмунд си подале рака

За Борусија Дортмунд сега следи „второ полувреме“ за ангажман на Џан, по Халанд, Германците се на прагот да дојдат и до потписот на фудбалерот од средниот ред, меѓутоа конечниот збор го има Јувентус.

Германија

Борусија Дортмунд наводно добила позитивен одговор во преговорите со Емре Џан, меѓутоа сега за Бундеслигашот претстои второ полувреме во самата завршница на јануарскиот преоден рок, преговори со Јувентус околу обештетувањето за фудбалерот од средниот ред.

Во Италија пренесуваат дека Џан му кажал „да“ на германскиот прволигаш, а „Скај Спорт Италија“ додава дека тоа се случило во текот на вчерашниот ден, се верува дека Германците нудат 20 милиони евра како обештетување за неговите услуги.

Сепак, од Јувентус наводно не сакаат да се разделат со својот фудбалер за сума помала од 25 милиони евра.

Договорот на Џан со италијанскиот првак истекува во 2022. година, со тоа „Старата дама“ има добра позиција во потенцијалните преговори со било која екипа за Џан, меѓутоа речиси и да нема никакви дилеми дека Германецот ќе си замине од Торино, а тоа може да се случи уште месецов.