24фудбал

Челси го губи трпението со Кепа, Лампард со овој потег му вметнува притисок на Шпанецот

Првиот голман на „Сините“ од Лондон има катастрофална статистика зад себе, а ниту најмалку не го оправдува статусот на најскапо платен голман во светот на фудбалот, па во Челси подготвуваат негова замена, како дополнителен притисок за подобри изданија од него.

Англија

„Дејли Мејл“ објави дека Челси под будно око ги следи настапите на одличниот голман на Барнли, Ник Поуп, а сево ова доаѓа по загрижувачките настапи на скапото засилување Кепа Аризабалага.

25 годишниот голман дојде во редовите на Челси пред три години, по трансферот вреден 72 милиони фунти, меѓутоа, барем досега, не успеа да го оправда својот статус на најскап голман во светот на фудбалот.

Според информациите кои ги објави „Дејли Мејл“, се верува дека во Челси планираат да вметнат дополнителен притисок врз Кепа, со тоа што во клубот од Лондон сериозно размислуваат да ангажираат голман, дури и од калибарот на Поуп, кој наводно котира високо на нивната листа на желби.

27 годишниот Поуп си изгради статус на незаменлив чувар на мрежата од голот на Барнли во моментов, а воедно, на Островот веруваат дека тој со својата одлична форма го потврди местото во составот на Герет Саутгејт во англиската национална селекција.

Поуп има важечки договор со Барнли до 2023. година, а во истиот има можност за дополнителни 12 месеци.