24фудбал

Лозано и Анчелоти би можеле повторно да соработуваат

Не се исклучува можноста Евертон да тргне по Лозано, откако Мексиканецот ги разочара челниците на Евертон со своите изданија во дресот на италијанскиот вицепрвак, иако се наведува дека во клубот ќе бидат трпеливи со него.

Англија

Во Евертон сериозно размислуваат да тргнат по офанзивецот на Наполи, Хирвинг Лозано, а тоа „Карамелите“ наводно планираат да го сторат во блиска иднина, известува „Кориере дело Спорт“.

Мексиканецот се приклучи на редовите на Наполи по трансферот од ПСВ ланското лето во вредност од 40 милиони евра, меѓутоа Лозано барем досега, не ги импресионираше челниците на клубот.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека 24 годишниот Мексиканец одиграл само десет минути добар фудбал во дресот на Наполи сезонава, постигнувајќи досега три погодоци, како и две асистенции во 27 настапи з аклубот.

Истовремено, во Италија наведуваат дека Наполи ќе биде трпелив со Лозано, иако, не се отфрла можноста во клубот сериозно да подразмислат да ги вратат вложените средства во него, доколку формата на Мексиканецот продолжи во ист правец.

Базирајќи се на интересот на Евертон кон Лозано од претходно, како и фактот што Марсел Брандс, директорот на Евертон го потпиша Лозано во ПСВ претходно, односно, дополнително и фактот што поранешниот тренер на Наполи, сега на Евертон, Карло Анчелоти го доведе Мексиканецот во италијанскиот вицепрвак, не се исклучува можноста Премиерлигашот сега да посакува да ја искористи ситуацијата.

Самиот Брандс, објаснувајќи ги плановите на клубот, јасно посочи дека на „Карамелите“ итно им е потребно десно офанзивно крило, кое ќе се вклопи во филозофијата на игра која ја применува новиот тренер Карло Анчелоти.