24фудбал

Таткото на Пјонтек со оваа изјава испрати сигнал до Тотнем и Атлетико Мадрид

Нема дилеми во тоа дека Пјонтек тргна одлично во дресот на Милан, каде за кратко ги импресионираше фановите на „Росонерите“, меѓутоа ситуацијата со него во клубот драстично се промени.

Италија

Таткото на Криштоф Пјонтек потврди дека неговиот син посакува да биде регуларен стартер во клубот каде што настапува, а не да биде фудбалер кој ќе биде на клупата за резервни фудбалери.

Постојат одредени известувања од медиумите кои наведуваат дека Тотнем и Атлетико Мадрид веќе испратиле понуди до Милан за полскиот напаѓач, меѓутоа во форма на позајмица, од Милан имаат други намери.

Се верува дека „Росонерите“ единствено би се согласиле на продажба на Пјонтек, и тоа за сума близу онаа во која вложија за негов трансфер од Џенова, околу 30 до 35 милиони евра.

Владислав Пјонтек, таткото на напаѓачот не крие дека неговиот син има голема желба да се прикаже во одлично издание на претстојното Европско првенство на лето со својата национална селекција, меѓутоа до тоа не може да стигне доколку биде на клупа за резерви во тимот каде настапува.

Крис сака да запише добри изданија на Европското првенство годинава, а тоа значи дека посакува да биде регуларен стартер во тимот каде настапува, а не да седи на клупата за резерви“ вели Владислав.

Многу клубови го посакуваат на позајмица, но во Милан единствено решение гледаат во генерална продажба за да се покријат инвестициите во него по трансферот од Џенова пред една година, како и тоа да се реинвестира во нови фудбалери“ додава тој.

Сеќе се знае во финалната седмица од јануарскиот преоден рок, кога ќе се донесе дефинитивна одлука по неговата иднина“ заклучи таткото на напаѓачот.

Пјонтек беше преселен на клупата за резерви по враќањето на Златан Ибрахимовиќ во клубот, како и трансформацијата во 4-4-2, формација во која немаше место за полскиот напаѓач кој сезонава постигна само пет погодоци.