24фудбал

Тотнем со едно барање до Интер пред и официјално да даде амин за трансфер на Ериксен во Милано

Тотнем и Интер начелно имаат постигнато договор за трансфер на Кристијан Ериксен, „спарси“ имаат само едно барање пред и официјално да дадат амин, сакаат „нероаѕурите“ да почекаат уште некој ден за да пронајдат замена.

Англија

Втора вечер по ред, голем број на извори од Италија пренесуваат дека Тотнем и Интер се на прагот на комплетирање на трансферот на Кристијан Ериксен. Двата клуба начелно имаат постигнат договор за зделка од 20 милиони евра, и сега се пеглаат последните детали, односно дали оваа сума ќе биде платена наеднаш или пак ќе има бонуси, и колкави ќе бидат тие бонуси.

Исто така, „спарси“ имаат едно барање до „нероаѕурите“ пред и официјално да дадат амин за трансфер на Кристијан Ериксен во Милано.

Клубот од северен Лондон сака Интер да се стрпи уште некој ден и да почека за тие да пронајдат замена за Данецот.