24фудбал

Дибала: Бев блиску до заминување, клубот сакаше да ме продаде, чекав до последниот момент

Пауло Дибала вели дека минатото лето бил блиску до заминување од Јувентус, интерес за него имаше од Манчестер јунајтед и Тотнем.

Италија

Тотнем и Јувентус се договорија за висината на оштетата за Дибала, но фудбалерот одби преселба во Премиерлигата, бараше услови кои не беа прифатливи за Спарс. И Манчестер јунајтед беше блиску до негов ангажман, но ниту таа зделка не успеа.

Јувентус сакаше да го продаде, но Дибала сакаше да остане во Торино. На крајот Аргентинецот успеа во својата намера, и му покажа на клубот дека ќе погрешеше доколку го продадеше. Тој е еден од најдобрите оваа сезона, игра како препороден под водство на Сари.

„Бев блиску до заминување. Знаев дека тоа го сакаше клубот. Чекавме до последната минута“, изјави Дибала за Гардијан.

Имам уште две години од договорот. Тоа не е малку, но не е ни многу. Ќе видиме какви планови има Јувентус, дали сметаат дека треба да заминам следното лето или ќе сакаат да ме задржат“.

„Тоа е одлука на клубот. Тешко е да се знае што ќе одлучат бидејќи работите во фудбалот се менуваат во секунда“.

„Но јас сум тука, клубот ме третира добро. Среќен сум, доаѓањето на Сари ми помогна. Тој сакаше да останам, а тоа ми даваше сила кога не знаев што ќе се случи. Знаев дека тој може да ме научи и да го извади најдоброто од мене“.


Бонус 20 ЕУР со Бетадриа викенд типови