24фудбал

Официјално: Ѕвездата на Динамо Загреб, Дани Олмо потпиша за Лајпциг

Шпанскиот фудбалер на Динамо Загреб, Дани Олмо од денеска е играч на германскиот клуб Ред Бул Лајпциг.

Германија

Голем беше интересот за 21-годишниот Олмо, трката по неговиот потпис ја доби актуелниот лидер во Бундеслигата, Ред Бул Лајпциг.

Лајпциг преку својата веб страна го потврди трансферот на Олмо, но ниту тие ниту Динамо Загреб не ја откри сумата за трансферот.

Според хрватскиот „Индекс“, Динамо Загреб ќе добие 18 милиони евра. Плус ќе добива по два милиони евра за секој пласман на Лајпциг во Лигата на шампионите со Олмо, а ќе добие и процент од неговиот следен трансфер.

Шпанските весници „АС“ и „Марка“ пишуваат дека трансферот е 30 милиони евра. А најголемиот германски весник, „Зидојче цајтунг“ тврди дека зделката изнесува 20 милиони евра плус дополнителни 10 во бонуси.


Бонус 20 ЕУР со Бетадриа викенд типови