24фудбал

Мурињо го нападна Интер: Ова не смее да се случува, особено не на 25. јануари

Тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо е фрустриран од трансфер сагата на Кристијан Ериксен, вели дека Интер е виновен за тоа што Данецот се уште не се преселил во Милано а до крајот на преодниот рок има само уште една недела.

Англија

Кристијан Ериксен подолго време се најавува како засилување за Антонио Конте, но се уште нема официјална потврда и покрај тоа што останува само уште една недела до крајот на зимскиот преоден рок.

Тренерт на Тотнем, Жозе Мурињо е фрустриран од трансфер сагата и го обвини Интер за ситуацијата во која се наоѓаат сега.

„Ова не смее да се случува, особено не на 25. јануари. И Тотнем воопшто не е виновен за ситуацијата во која се наоѓаме во овој момент. Ериксен се однесува на професионален начин, па немам никакви замерки кон него. Не е убаво тоа што се наоѓаме во ваква ситуација на 25. јануари“ – порача Португалецот по дуелот со Саутемптон во ФА Купот, натпревар на кој Кристијан Ериксен во последен момент беше изоставен од составот.

Според она што се пишуваше изминативе два дена, Интер и Тотнем имаат договор за трансфер на Данецот вреден 20 милиони евра и се очекува тој во понеделник во Милано да ги изврши редовните лекарски прегледи.