24фудбал

Аталанта го понижи Торино со 7-0, Иличиќ мајсторски погоди од половина терен (ВИДЕО)

Аталанта му нанесе тежок пораз на Торино откако вечерва со 0-7 триумфираше на Олимпискиот Стадион, Јосип Иличиќ се истакна со хет-трик и мајсторски погодок од половина терен.

Италија

Аталанта минатото коло неочекувано загуби дома од СПАЛ, но избраниците на Гаспери очигледно брзо ја заборавија непријатната епизода и вечерва го понижија Торино со 0-7 на Олимпискиот Стадион.

Јосип Иличиќ се истакна со хет-трик и мајсторски погодок од половина терен. Во 54. минута, еден од дефанзивците на Торино играше со рака на средината од теренот, Словенецот забележа дека голманот Сиригу не е на својата позиција, па без размислување веднаш биеше и ги изненади сите за гол кој долго време ќе се раскажува.