24фудбал

Јаховиќ дебитираше со гол за Анталија! (ВИДЕО)

Адис Јаховиќ имаше феноменално деби во дресот на Анталијаспор откако го отвори резултатот на мечот против Денизлиспор.

Македонија

Само неколку дена откако стави потпис на договор со Анталијаспор, Адис Јаховиќ почна да ги тресе мрежите за неговиот нов тим.

Македонскиот напаѓач беше стартер и по само 27. минути постигна гол со кој донесе водство за Анталија на гостувањето кај Денизли.

Јаховиќ го одигра првото полувреме од мечот, а Анталија има водство од 3-0 и ќе освои три многу значајни бода во битката за опстанок.