24фудбал

Капитенот контра Конте, Хандановиќ: Не ни се криви судиите, сами сме виновни што не победивме

Капитенот на Интер, Самир Хандановиќ вели причините за испуштените два бода против Каљари треба да се бараат во сопствените редови наместо да се обвинуваат судиите.

Италија

„Нероаѕурите“ на трет меч во низа играат 1-1 и испуштаат нови бодови во трката за Скудетото. Слично како и на претходните два натпревари, Интер имаше водство од 1-0, но не ја сочува предноста и мораше да се задоволи само со реми.

Но денешниот дуел со Каљари имаше прилично тензична завршница, Лаутаро Мартинез поцрвене во финишот откако претера со приговорите и замерките кон судијата, а по последниот свиреж и Антонио Конте имаше што да му каже на арбитарот.

Тренерот на Интер потоа не се појави на пресот, а со медиумите разговараа неговиот помошник и Самир Хадановиќ.

„Секогаш одиме на победа, па иритира тоа што не стигнавме до трите бода. Не ги искористивме нашите шанси. Не ни се криви судиите, сами сме виновни што не стигнавме до триумф. Имавме замерки што нашите напаѓачи не добија одреден прекршоци, а фудбалерите на Каљари добија, но не сакам и нема да ги обвинам судиите за испуштените бодови. Мора да научиме како предвреме да ги решаваме натпреварите, тогаш нема да има потреба да разговараме за вакви инциденти. Дефинитивно ни недостига нешто, бидејќи продолжуваме да примаме погодоци во второ полвреме и за ова не е виновна само одбраната. Се повторуваат исит грешки и ова е недозволиво“ - вели капитенот на Интер.