24фудбал

Нејмар со специјална посвета, голот против Лил e за трагично починатиот Коби Брајант (ВИДЕО)

Нејмар два пати ја тресеше мрежата на Лил, а вториот погодок, Бразилецот го посвети на Коби Брајант, кој вечерва го загуби живтот во хеликоптерска несреќа.

Останато

Светот вечерва е потресен од веста за смртта на Коби Брајант, легендата на ЛА Лејкерс почина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Голем број на клубови испратија порака, а убав гест имаше и Нејмар.

Бразилецот на дуелот со Лил постигна два гола, а вториот погодок го посвети на Коби Брајант. Напаѓачот го покажа бројт 24 кој го носеше кошаркарот, а потоа го впери погледот кон небото.