24фудбал

Роналдо џабе и на осми меч по ред погоди, Наполи го победи Јувентус (ВИДЕО)

Наполи го доби големото дерби со Јувентус, домаќините славеа со головите на Зиелински и Инсиње, за гостите почесен гол постигна Кристијано Роналдо.

Италија

„Наполитанците“ беа на прагот да испишат негативен рекорд и за прв пат во својата историја да забележат пет порази во низа во Серија А на домашен терен, но избраниците на Гатузо одговорија на предизвикот и го совладаа Јувентус со 2-1.

Зиелински го отвори резултатот во 63. минута, Полјакот се најде на право место во право време и ја смести топката во мрежата откако Шчесни го одбрани ударот на Инсиње.

Во 86. минута Инсиње биеше со волеј за 2-0 и голема радост на Сан Паоло. Во последните мигови, Кристијано Роналдо постигна почесен гол за „старата дама“ и ја продолжи голгетерската серија, ова е осми меч во низа на кој се запишува во листата на стрелците.