24фудбал

Начо донесе победа за Реал кај Ваљадолид и +3 на врвот на табелата (ВИДЕО)

Реал Мадрид е осамен на врвот на табелата со три бода повеќе од Барселона откако вечерва со 0-1 славеше на гостувањето кај Виљареал.

Шпанија

Во последниот натпревар од 21. коло во Ла Лига, Реал Мадрид стигна до минимална победа од 0-1 на „Хосе Зориља“. Дефанзивецот Начо беше херојот на гостите, Шпанецпт скокна највиско по еден центаршут на Крос и погоди со глава во 78. минута.

Касемиро во првото полувреме исто ткаа ја затресе мрежата на Ваљадолид, но голот беше поништен поради минимален офсајд со помош на ВАР. Во финишот, и домаќините постигнаа погодок, но радоста кратко им траеше откако помошникот сигнализираше недозволена ситуација.

Со оваа победа, Реал Мадрид сега е осамен на врвот на табелата со три бода повеќе од Барселона.