24фудбал

Реал Мадрид ја спушти рампата за трансфер на Себаљос во ривал од Примера

„Кралевите“ не сакаат да ризикуваат да дадат зелено светло за позајмица на фудбалерот во директен ривал од Примера, постои и една доста поизвесна опција за Себаљос.

Шпанија

„Марка“ известува дека Реал Мадрид го блокирал потенцијалниот трансфер на Дани Себаљос во Валенсија, откако фудбалерот од средниот ред минува не баш добар период во неговата позајмица во Арсенал.

Себаљос нема доволно минутажа во дресот на „Топчиите“, а токму поради таа причина Шпанецот посакува уште месецов да си пронајде нов клуб каде би имал поголема минутажа за време на натпреварите.

Се верува дека постои голема желба за враќање на Себаљос во Шпанија, и тоа уште во јануарскиот преоден рок, мотивите кај фудбалерот се да си ги зголеми шансите за да се најде на списокот на фудбалери за претстојното Европско првенство на лето во својата национална селекција, иако, во моментов шансите за такво сценарио се минимални.

23 годишниот фудбалер стартуваше на само девет меча за Арсенал во сите натпреварувања сезонава, но заминувањето на Унаи Емери во голема мера ги промени неговите шанси за изборување на место во првиот тим.

Реал Мадрид не сака да прифати позајмица на Себаљос во Валенсија, во „Кралскиот клуб“ веруваат дека на тој начин би го засилиле својот директен ривал во шампионатот на Шпанија.

Се шпекулира дека Бетис, поранешниот клуб на Себаљос, исто така е опција, веројатно и многу пореална, во однос на шансите да го облече дресот на Валенсија.