24фудбал

Тотнем и Манчестер јунајтед преговараат со Слимани

Постои можност Алжирецот да се врати во Премиерлигата, меѓутоа прашање е колку Лестер би си дозволил да ги засилува своите ривали со напаѓачот кој и онака не е во плановите на „Лисиците“.

Англија

„РМЦ“ објави дека Тотнем и Манчестер јунајтед се во активна конверзација со интернационалецот од Алжир, инаку напаѓач на Монако, Ислам Слимани.

31 годишниот напаѓач во моментов настапува на позајмица од Лестер, а во дресот на францускиот прволигаш досега на 13 натпревари успеа да постигне 7 погодоци.

„РМЦ“ додава дека засега не е познато дали обата Премиерлигаши посакуваат да го ангажираат Слимани со перманентен трансфер, или пак да го доведат во своите редови на позајмица до крајот на актуелната сезона.

Слимани го паметиме по фантастичните изданија во дресот на Спортинг Лисабон, каде во три сезони за тој клуб на 82 натпревари постигна 48 погодоци, по што во 2016. година следеше трансфер вреден близу 30 милиони фунти, меѓутоа, Слимани не ги оправда очекувањата, па следеа позајмици во Њукасл, Фенербахче, како и Монако.