24фудбал

Пропадна и новиот план на Јуве за Ракитиќ, Џан близу до трансфер во Борусија Дортмунд

„Билд“ тврди дека Борусија Дортмунд е во пол-позиција за потписот на 26 годишниот фудбалер од средниот ред чија „минутажа“ во дресот на Јувентус настрада, а големи се очекувањата уште месецов тој да има нов клуб.

Германија

„Газета дело Спорт“ извести дека Борусија Дортмунд е мошне близу до потписот на Емре Џан, фудбалерот на Јувентус кој јасно е дека повеќе не е дел од плановите на италијанскиот првак за во иднина.

Џан подолг период се поврзува со Борусија Дортмунд, а се верува дека договорот со Јувентус е мошне близу да се реализира, се шпекулира дека истиот ќе изнесува околу 23 милиони евра, со договор за Џан со важност до 2024. година.

Сепак, „Калчомеркато“ пак пренесе дека во Јувентус имале нов план за фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ, откако не успеаа обидите да се постигне договор со Каталонците за трампа во која требаше да биде приклучен и Федерико Бернардески.

Најновата идеја во клубот од Торино била на местото на Бернардески, да го понудат токму Џан, двајца фудбалери од средниот ред со различен карактер кои гарантираат своевиден успех на теренот за обата клуба. Сепак, понудата на Јувентус иако се реализирала, ништо не се променило, па Барселона категорично ја одбила истата.

„Билд“ информира дека освен Борусија Дортмунд, во трката за потписот на Џан се уште и Арсенал, Тотнем, како и Баерн Минхен.

Германскиот весник наведува дека „Милионерите“ се токму тие кои водат во трката, барем засега, меѓутоа, заинтересираните клубови за Џан одбиваат дури и да се доближат до моменталната неделна плата на Џан во Јувентус (260,000 фунти), па наместо таа, Борусија Дортмунд на пример на Џан му нуди неделна плата од 160,000 фунти.

Како и да е, во Јувентус немаат притисок по прашањето со Џан, иако логично е да посакуваат да се ослободат од „вишокот“ во својот состав, а „Старата дама“, со оглед на договор на Германецот со важност до 2022. година, има комфорна позиција во преговорите со заинтересираните клубови.