24фудбал

Адеми одби богата понуда, останува во Динамо Загреб, Македонецот би си заминал само под еден услов

Се чини дека еден критериум во можното заминување од Динамо Загреб би исполнило такво сценарио, а Обединетите Арапски Емирати не се желба за следна дестинација на Македонецот, за што сведочи и изјавата на шефот на стручниот штаб на хрватскиот првак.

Македонија

Македонскиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, како и капитен на хрватскиот првак, Аријан Адеми, на крајот се реши да остане во редовите на тој клуб, за што потврди и тренерот на таа екипа, Ненад Бјелица во изјава за „24часа“.

Од таму информираат дека до вчера себило договорено за трансфер на 28 годишниот фудбалер во Обединетите Арапски Емирати, од каде имал богата понуда, а за трансферот сигурно добро ќе профитирал и самиот Динамо Загреб.

Поточно, станува збор за Ал Насра, клуб каде предовник од клупата е хрватскиот фудбалски стратег Крунослав Јурчич.

Да, во текот на вчерашниот ден се заврте приказната околу заминувањето на Аријан, тој доби чудесна понуда за преубава заработка, а во истата ситуација добро би поминал и самиот клуб, ние на нашиот играч, долгогодишниот капитен не сакавме да му правиме никакви проблеми, има 28 години и заслужи сам да бира за тоа како ќе се развива неговата иднина. Јас како тренер во такви ситуации ги оставам фудбалерите сами да одлучат, а се чини дека Аријан навистина ќе не напуштирече Бјелица во изјавата за „24часа“, по што во истата додаде дека во истиот момент токму Македонецот го барал на телефон, по што на медиумот му наведе дека веднаш штом заврши со разговорот со Македонецот, ќе ги извести за ситуацијата, а тој го исполни своето ветување.

Сега разговаравме, Адеми одлучи да остане во Динамо, вели дека не сака да го напушти клубот, посебно ако не станува збор за понуда од големата петорка во фудбалска Европа, секако дека ќе ја испочитуваме неговата одлука, тој и натаму за нас ќе биде важен играч во тимот, еве, вие први ја имате информацијата околу овој случај“ додаде Бјелица во вториот разговор со „24часа“.

Јасно е дека желбата на Адеми е единствено да направи трансфер во една од најквалитетните пет фудбалски шампионати во Европа, во случај да го напушти Динамо Загреб, клуб со кој има важечки договор до 2023. година.