24фудбал

Димитриевски стави потпис на нов договор со Рајо Ваљекано

Македонскиот голман е стандарден на својата позиција во шпанскиот второлигаш кој сигурно ќе сака брзо враќање во елитното фудбалско друштво на Шпанија.

Македонија

Столе Димитриевски ќе остане во Рајо Ваљекано до 2024. година, барем ако не дојде до одредена промена во кариерата на Македонецот кој денеска стави потпис на нов договор со шпанскиот второлигаш, а веста и официјално беше потврдена од клубот.

Македонскиот голман ланскиот јануари доби договор од Рајо Ваљекано по конечниот трансфер од Гимнастик, па иако неговиот довчерашен договор имаше важност до 2022. година, истиот доби дополнителни 24 месеци.


26 годишниот репрезентативец на Македонија сезонава забележа 16 настапи за Рајо Ваљекано, клуб кој по 25 одиграни кола со 33 бода заостанува само три бода до позициите кои водат до плејоф за место во Примера, а првата и втората позиција за директно место се речиси невозможна мисија за таа екипа.