24фудбал

Роналдињо го спореди Мартинели со Роналдо

Беше желба на повеќе европски гиганти, меѓутоа „Топчиите“ победија во трката по младиот и доста талентиран Бразилец, кој со последните настапи за Премиерлигашот импресионираше многумина, па дури и легендарниот Роналдињо.

Англија

Роналдињо тврди дека напаѓачот на Арсенал, како и негов сонародник, Габриел Мартинели би можел да ги следи стапките на легендарниот бразилски фудбалер Роналдо, откако напаѓачот на „Топчиите“ игра одлично изминатиов период во дресот на Премиерлигашот.

18 годишниот Мартинели одлично ја искористи дадената прилика од страна на Микел Артета, па така успеа да погоди на два пати во низа за „Топчиите“ во Премиерлигата сезонава.

Ние како Бразилци сме во голема мера возбудени поради тоа што се случува со кариерата на Мартинели, како и во однос на неговата иднина. Едно е да поседувате талент во себе, а друго е на свои 18 години да имате самодоверба“ вели Роналдињо во изјавата за „Мирор“.

Тој ме потсетува на Роналдо, во неговата прва сезона во Европа, постигна 30 погодоци, а луѓето постојано се прашуваа кое е ова бразилско дете што игра на 18 години?“ додава Роналдињо.

Тој ја посакуваше топката, сакаше да ги претрча сите противници на теренот, кај него немаше страв во однос на тоа против кои фудбалери настапува, или екипи, го гледам сличното однесување и кај Мартинели, тој само сака да биде со топката и да постигнува голови, Роналдо стана најдобриот на светот, тоа може да се случи и со Мартинели“ заклучи легендарниот Бразилец.