24фудбал

Фернандињо во Манчестер Сити и следната сезона

Бразилецот тврди дека одлуката била лесна за да се донесе брзо, најголемата причина за ваквиот исход го посочува во неговото семејство.

Англија

Повеќе нема дилеми, Фернандињо нема да го напушти составот на англискиот првак Манчестер Сити по крајот на актуелната сезона, откако Бразилецот доби дополнителни 12 месеци договор со клубот.

34 годишниот Фернандињо се чинеше дека на лето ќе си замине од Манчестер Сити, меѓутоа, во клубот одлучија да го задржат искусниот фудбалер на дополнително една година.

Иако во поодминати години, барем од фудбалски аспект, Фернандињо претставува доста добра опција за Пеп Гвардиола, па со оглед на проблемите во одбраната на „Граѓаните“, особено по повредата на Лапорт, Фернандињо беше корисен и како стопер.

По природна позиција во средниот ред, Фернандињо се приклучи на Манчестер Сити по трансферот од Шахтер во 2013. година, до денеска остана една од најклучните фигури во составот на тимот од „Итихад“, кој воедно ја потврди веста, а Бразилецот тврди дека одлуката била лесна.


Одлуката беше лесна, постои период во вашиот живот кога не размислувате само за себе, туку за своето семејство и децата, тие беа главната причина зошто одлучив да потпишам нов договор, среќен сум, моето семејство исто, се надевам среќни се воедно и навивачите на Манчестер Сити“ изјави Фернандињо за официјалниот клупски сајт на „Граѓаните“.