24фудбал

Милан со спектакуларна кореографија во чест на Коби Брајант: Легендите живеат вечно (ВИДЕО)

„Росонерите“ вечерва му оддадоа почит на трагично починатиот Коби Брајант и неговата ќерка Џиана Мариа, имаше кореографија пред почетокот на натпреварот со Торино во Купот на Италија а потоа и громогласен аплауз во 24. минута.

Италија

Коби Брајант беше голем навивач на Милан, па вечерва „росонерите“ имаа спектакуларна кореографија во чест на миленикот на ЛА Лејкерс.

Пред почетокот на дуелот со Торино, на семафорот се вртеа фотографии од Коби и неговата ќерка Џиџи, на рекламните паноа пишуваше „Легендите живеат вечно“ и „Коби засекогаш“ а на разгласот беше пуштен хитот на бендот Квин „Кој сака да живее вечно“.

Фановите на трибините направија ѕвездено небо, а потоа го поздравија Коби уште еднаш со громогласен аплауз во 24. минута.