24фудбал

Астон Вила во судиското надополнување му пресуди на Лестер и обезбеди финале во Лига купот (ВИДЕО)

Астон Вила е првиот финалист во Лига купот, Трезеге е херојот на домаќините откако погоди во 93. минута и донесе победа од 2-1 над Лестер.

Англија

Големо славје на Вила Парк, Астон Вила го доби реваншот против Лестер со 2-1 и се пласираше во финалето на Лига купот.

Домаќините поведоа во 12. минута, Таргет донесе предност од 1-0. Но на средината од вториот дел, Лестер успеа да се врати во игра, Ихеначо реализираше за 1-1 во 72. минута.

Првиот меч исто така заврши со 1-1, па кога се чинеше дека ќе има продолженија, Трезеге погоди во 93. минута за огромна радост на домаќините.