24фудбал

Инцидент на тренингот на Баерн, Горецка му „влегол“ со лизгачки старт на Боатенг па добил шлаканица!

Медиумите од Германија пишуваат за инцидент на тренингот на Баерн Минхен, Леон Горецка имал остарт старт врз Џером Боатенг, па дефанзивецот му удрил шлаканица на фудбалерот од средниот ред.

Германија

Тензично на денешниот тренинг на Баерн Минхен.  За време на тренинг натпревар, Горецка влегол во вербална војна со Милер, двајцата се расправале за тоа дали имало пенал или не. Кога Милер се обидел да му објасни нешто на својот помлад колега, Горецка направил гест со раката во стилот на „бла, бла, бла“. Потоа се замешал и Боатенг, кој застанал во одбрана на Милер.

Десет минути подоцна, кога продолжил натпреварот, Горецка му „влегол“ со лизгачки старт на Боатенг и тоа прилично задоцнето, кога топката не била во нозете на дефанзивецот. Па Боатенг му залепил шамар на Горецка, а поголема тепачка спречил Леванодски кој веднаш притрчал и ги раздвоил.