24фудбал

Милан доби 27 милиони евра, Пјонтек два пати поголема плата

Херта вечерва го комплетираше трансферот на Криштоф Пјонтек, клубот од Берлин на Милан му плати 27 милиони евра, а на играчот му даде годишна плата од 4 милиони евра по сезона.

Германија

Една година траеше авантурата на Криштоф Пјонтек во Милан, Полјакот се сели во Херта откако не успеа да се наметне на Сан Сиро. Клубот од Берлин за неговите услуги одвои 27 милиони евра плус бонуси.

Напаѓачот стави потпис на долгогодишен договор и во главниот град на Германија ќе заработува 4 милиони евра по сезона, два пати повеќе од платата која ја имаше во Милано.

„Среќен сум што ќе играм во Бундеслигата и ќе бидам дел од овој нов проект. Херта е голем клуб со одлични фанови. Со нетрпение чекам да истрчам на Олимискиот стадион“ – изјави Криштоф Пјонтек за новата етапа од кариерата.