24фудбал

Пјонтек за политиките на Милан: Тие менуваат напаѓачи секоја година, веројатно тоа им е навика

Новајлијата во составот на Херта од Берлин не можеше, а да не испрати една доста дискутабилна порака за политиките на Милан, поради кои, наводно тој „настрадал“ во составот на „Росонерите“.

Германија

Криштоф Пјонтек го фати последниот воз да си замине од редовите на Милан во јануарскиот преоден рок, откако полскиот напаѓач беше преселен на клупата за резерви по враќањето на ветеранот Златан Ибрахимовиќ.

По трансферот од Џенова во составот на „Росонерите“, 24 годишниот напаѓач тргна добро, меѓутоа по враќањето на Ибрахимовиќ во Милано стана резервна опција која добиваше прилика за настап во Копа Италија, по што следеше и негов трансфер во германска Херта од Берлин за околу 28 милиони евра.

Ако се земе во предвид како Пјонтек реагираше на социјалните мрежи по разделбата со Милан, првиот впечаток беше дека напаѓачот не испрати никаква контроверзна порака, а се раздели со тој клуб на еден доста коректен начин, меѓутоа, во една изјава за „Билд“ тој накратко ја опиша политиката на Милан, поради која тој „настрада“.

Постигнувањето погодоци е пасија, очекувањата во Берлин се на едно високо ниво, а фановите постојано извикуваат од трибините Пјонтек, пум, пум! кон мене“ изјави тој.

Да се биде на клупата за резерви во Милан по пристигнувањето на Ибрахимовиќ? Тоа се случува во Милан, тие менуваат напаѓачи секоја година, веројатно тоа е навика за нив“ додаде Пјонтек во изјавата за „Билд“.

Херта од Берлин ја чека битка за опстанок во елитното друштво на Германија, а Пјонтек веќе дебитираше изминатиов викенд, поточно во петокот, во ремито кај Шалке 04.